“Р“

Реприза на претставата “Р“ на 27.04.2009 година во Градскиот Театар Скопје. Автор на текстот Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски. Билетите се во продажва на касата на Младинскиот културен центар. повеќе

Крап

“Последната лента на Крап„ во Градскиот Театар Скопје, на 21.04.2009 во 20.00 часот. Билетите се во продажба на билетарата на Младинскиот културен центар. повеќе

Лица без маски

Фестивалот на алтернативен, аматерски и експериментален театар “Лица без маски“ оваа година ќе се одржи во периодот од 5-10 Maj повеќе

Бела Ноќ 2009

Пријавувањето за Бела Ноќ 2009 е во тек...... повеќе

http://www.mkc.com.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/647252r.JPG http://www.mkc.com.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/850555krap.JPG http://www.mkc.com.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/493964Logo_1.2_FWM.jpg http://www.mkc.com.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/493149belanok.JPG
Младински културен центар - Скопје
Конкурс за драмски текстови PDF Печати Е-пошта

Конкурс 

За нови драмски текстови 

    Градски театар Скопје распишува конкурс за нови драмски текстови кои ќе бидат реализирани во рамките на репертоарната политика на Градски театар Скопје во сезоната 2010 година. На конкурсот може да учествуваат сите драмски автори од Македонија кои ќе ги ги достават своите драмски текстови најдоцна до 20.06.2009 година и ќе одговорат на следните услови:   

  • Драмските текстови да бидат во  согласеност со началните принципи на културната политика на Градски театар Скопје. (Сите заинтересирани можат да ја добијат истата на официјалниот сајт на Младинскиот културен центар www.mkc.com.mk)         
  • Доставените драмски текстови по својата природа да кореспондираат со новите театарски естетики, предност имаат смелите, авангардните и експерименталните текстови.Под ова се има во предвид драмски текстови кои во својата суштина ја имаат неконвенционалната театарска форма (се зема за пример пишувањето на драмски текст по време на процесот на работа).        
  • Драмскиот текст досега да не е објавуван (како во целост така и во фрагменти).      
  • CV на авторот За драмските текстови ќе одлучува комисија која ќе биде назначена од Градскиот театар Скопје.

Драмските текстовите  можат да се достават најкасно до 20.06.2009 година во просториите на Младинскиот културен центар кеј “Димитар Влахов“ бб. 1000 Скопје со назнака за Градски Театар Скопје како и на e-mail адресата mkc.info@gmail.com

 
Конкурс за идејни театарски проекти за Градски театар Скопје PDF Печати Е-пошта

Конкурс 

Идејни театарски проекти за репертоарот на Градски театар Скопје Сезона 2010 година. 

Градски театар Скопје распишува конкурс за театарски проекти кои треба да влезат во репертоарот на Градски тетар Скопје во сезоната 2010 година.На конкурсот може да учествуваат сите театарски дејци од Македонија кои ќе ги достават своите проекти најдоцна до 20.06.2009 година и ќе одговараат на следните услови: -         

  • Проектот да биде согласен со начелните принципи на културната политика на Градски театар Скопје. (Сите заинтересирани можат да ја добијат истата на официјалниот сајт на Младинскиот културен центар www.mkc.com.mk)
  •  Да достави детална режисерска експликација за проектот како и план за реализација на истиот.     
  • Доставените театарски проекти по својата природа да кореспондираат со новите театарски естетики, предност имаат смелите, авангардните и експерименталните проекти кои ќе ја докажат сериозноста на театарската продукција. Под ова се има во предвид проекти кои во својата суштина ја имаат неконвенционалната театарска форма (некласичниот театарски простор, разбивање на досега познатите форми, поагресивни теми за обработка кои со себе го надминуваат општовиденото решение на истите). Комисијата интерно ќе реши за сериозноста, како на кавалитетот на театарскиот проект, така и за авторскиот тим кој е одговорен за неговата реализација-
  • CV на поднесителот на проектот За проектите ќе одлучува комисија која ќе биде назначена од Градскиот театар Скопје.

 

Проектите можат да се достават најкасно до 20.06.2009 година во просториите на Младинскиот културен центар кеј “Димитар Влахов“ бб. 1000 Скопје, со назнака за Градски театар Скопје, како и на e-mail адресата mkc.info@gmail.com.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>

Лист 1 од 4
© Младински културен центар - Сите права задржани