6-8.06.2008

СУГС „Орце Николов“

 

„ММС - Денови на МКЦ“

 

 

16-20.05.2008

Фестивал „Лица без Маски“

 

27.09.2008

IV Бела Ноќ

 

 

 


 





АСТРОНОМСКА ДЕЈНОСТ

Брзиот развој на астрономијата како наука, проследен често пати со спектакуларни откритија и достигања, предизвикуваат огромен интерес меѓу граѓаните на Македонија, особено меѓу младите генерации.

Во рамките на Младинскиот Културен Центар работи единствениот Планетариум во Република Македонија. Кој е изграден како посебна градежна целина и е опремен со мал инструмент ZKP-1 произведен во далечната 1970 година од познатиот производител на планетариуми Карл Цајс од Германија.

И покрај оваа состојба, предавачите во Планетариумите се обидуваат преку предавањата во живо (а не снимени како во другите Планетариуми во светот) да ги надокнадат недостатоците од техничка опрема и да им ја доловат Вселената, небесните тела и законите на природата на сите посетители.

Секоја година Планетариумот го посетуваат над 10 000 посетители , пред се ученици на основните и средните училишта од цела Македонија. Со тоа Планетариумот стана еден од значајните сегменти на културната индустрија особено на т.н. културен туризам.

Активности:

- Организирање на групни посети и држење на предавања проследени со презентационите можности на опремата на Планетариумот, која има за цел преку визуелизација на природниот изглед и движења на небото и користењето на видео инсерти и компјутерски анимации, да ги збогати знаењата и разбирањето на процесите кои се случуваат во природата.

- Организирање на истражувачки активности од областа на Етноастрономијата, што претставува продолжување на дваесет и две годишното собирање, обработка и презентирање на етнолошките податоци од населението на територијата на град Скопје и на Македонија поврзани со небото, земјата и природата воопшто.

- Организирање на истражувачки активности од областа на Археоастрономијата, или продолжување на истражувањата на Мегалитската опсерваторија Кокино во општината Старо Нагоричане, како археолошки локалитет од мегалитскиот период, но и на слични локалитети на територијата на градот Скопје и Македонија.

- Меѓународна соработка. Небото минатата година званично беше вброено во регистарот на светското културно наследство на УНЕСКО. Во изминатите неколку децении се покажа дека астрономијата има многу допирни точки со археологијата, етнологијата, антропологијата, земјоделието, религијата, или воопшто со организацијата на животот и културното и духовно творештво, особено во раните фази во развојот на човековата цивилизација. Денес на многу универзитети во светот се предаваат предмети од областа на астрономијата во културата како што се археоастрономија, етноастрономија и сл. Во текот на минататa година со учество на неколку значајни меѓународни средби и конференции, беа афирмирани и локалитетите и научните сознанија од областа на археоастрономијата и етноастрономијата пред пошироката научнаа јавност. Затоа и оваа година се планира учество на повеќе меѓународни научни средби и конференции со цел да се зацрвстат контактите со меѓународната научна заедница и соодветно да се афирмираат локалитетите, предметите, верувањата и обичатие кои се дел од општото културно наследство на Македонија.

ПОСЕБНИ ЛИНКОВИ:

1. Археоастрономија

Археоастрономијата е релативно млада научна дисциплина. Првите позначајни мерења и толкувања на познатиот локалитет Стоунхенџ во Англија, ги има направено познатиот астроном и физичар Норман Локијер (Norman Lockyer) во почетокот на дваесетиот век. Сепак, основите на ова научна дисциплина ги постави Џералд Хокинс (Gerald Hawkins) со објавувањето на деталната анализа на истиот локалитет, во познатото научно списание “Природа” (Nature) во 1963 година. Истиот автор во 1979 година ги постави и основните шест правила за истражување и оценување на резултатите во ова област.

Археоастрономијата всушност е интердисциплинарна научна област. Големиот број на информации кои секојдневно се добиваат во научните истражувања во пооделните науки, најчесто доведуваат до строга специјализација на научните кадри во рамките на една иста наука. При тоа, како да се заборава на фактот дека постојат голем број на интердисиплинарни проблеми и откритија, за чие изучување и толкување е потребен мултидисциплинарен приод. Во своите истражувања археолозите најчесто, поголемо внимание обрнуваат на социјалните и културни аспекти на локалитетите, занемарувајќи ја астрономската позадина, така да на пример често пати не ги наведуваат ниту прецизните географски координати на локацијата, кои пак играат мошне важна улога во астрономските опсервации. Астрономите пак, од своја страна, често пати преголемо внимание им посветуваат на астрономските аспекти, занемарувајќи ја улогата и потребите на луѓето кои ги граделе тие објекти. Археоастрономија прави обид да ги премости овие разлики, иако често пати, тешко е да се одвојат едното од другото поле на работа.

 

2. Етноастрономија

Веќе подолго време се реализира научниот проект Етноастрономија. Во рамките на овој проект речиси 20 години се собираат податоци од населението на Макеонија за старите народни имиња на соѕвездијата, ѕвездите, метеорите, кометите, планетите, Сонцето и Месечината. Истовремено се собираат и сите верувања и обичаи поврзани со небесните тела и сите појави кои се случуваат на небото.


Добиени се многу интересни податоци, при што се покажа дека македонскиот народ имал своја поделба на небото и своја ѕвездена карта, која во многу се разликува од онаа на старите Грци, а која се применува во астрономијата.
Ги повикуваме сите оние кои имаат некои сознанија од оваа област или сакаат да работат на овие истражувања во Македонија и надвор од неа, да ни се приклучат.

3. КОКИНО

Врз основа на претпоставката дека археолошкиот локалитет Татичев камен крај селото Кокино во Република Македонија имал значајна функција во набљудувањето на движењето на небесните тела, беа извршени прелиминарни истражувања и соодветни мерења. Воочени се стандардизирани нишани за определување на позициите на Сонцето во деновите на летната долгодневница и пролетната и есенска рамнодневница, како и на позицијата на Месечината во деновите на најголемата вредност на деклинацијата во зимскиот период. Врз основа на мерењата и математичката обработка определен е наклонот на земјината оска на ротација, а преку формулите од археоастрономијата определено е времето кога нишаните биле изградени.

Обзерваторија Кокино

Резултатите покажуваат дека локалитетот е изграден во 1815 година пред нашата ера и имал нагласена улога во набљудувањето на небесните тела. На локалитетот има посебен простор за изведба на ритуали, при што во него, пронајдени се голем број на предмети од керамика кои потекнуваат во периодот околу 1500 година пред нашата ера. Добрата сочуваност на локалитетот, неговите импозантни димензии и изглед, како и добиените резултати од мерењата укажуваат дека се работи за многу значаен локалитет, кој по многу свои карактеристики е единствен и во светот. Локалитетот според археоастрономските критериуми може да се вброи во редот на значајните стари опсерватории во светот и затоа во целост го оправдува името Мегалитска опсерваторија Кокино.

aLogo na MOT a Logo na kino FrosinaaLogo na Ministerstvo za kultura aLogo na grad Skopje a Logo na On netaEVN logo

a

LogoKomercijalna

a

LogoParkovi

a