|
Младинскиот културен центар во рамките на своите програмски активности, како редовна програмска активност од областа на драмската дејност, става посебен акцент врз поддршката на развојот на драмскиот аматеризам.
 
Со години наназад Младински културен центар е сцена од каде проникнуваат голем број на театарски работилници и драмски студија, кои подоцна промовираат врвни театарски имиња, значајни за развојот на македонскиот театар и култура воопшто.
 
Во една таков континуитет на подршка на новите креативни бранови, свежи и секогаш нови идеи за театарско изразување, во Младинскиот културен центар функционира и Драмскиот аматерски центар. Формирањето на еден ваков центар е резултат и на потребата на младите, сеуште недоволно афирмирани уметници, да покрај наменското работење во сопствените театарските проекти, ги покажат своите креативни способности и во програмско организациските содржини кои се дел од програмите на Драмскиот аматерски центар, со обележјата на уметничкиот сензибилитет и естетика која им е ним блиска. Сето ова е надополнето и со потребата на младата публика да консумира нови содржини, на начин близок до нивното размислување.
|