|

Арт - киното во Младинскиот културен центар претставува единствено кино во нашата држава каде се прикажуваат арт филмови од европската кинематографија. Преку целата година во програмата на арт-киното се организираат филмски ревии посветени на европски кинематографии, портрети на европски филмски автори и други видови на манифестации.
По иницијатива на познатиот шпански филмски режисер Педро Амолдовар а под водство на Вивијан Рединг, членка на Европската асоцијација, одговорна за едукација, култура и аудиовизуелни медиуми, во периодот од 15 до 24 ноември 2002 година за прв пат Европа ја прославуваше филмската традиција преку манифестацијата CinEd@ys Europe 2002.

Со самото учество во оваа манифестација со посебно подготвената програма Младинскиот Културен Центар стана членка на Европската Комисија генерална дирекција за едукација и култура.
Арт-киното “ФРОСИНА” на Младински Културен Центар во 2004 година е примено во Асоцијацијата на европски кина EUROIMAGES.
Одржувањето на првиот CinEd@ys 2002 во Младинскиот културен центар на општо изненадување наиде на голем интерес кај младите од градот, како и кај сите вљубеници во филмот од разни странски организации и институции.
Оваа традиција Младинскиот културен центар, преку програмата на Арт-киното Фросина, ја продолжи и следните години.
Концентрирани во една недела, филмофилите од нашиот град имаат можност да го погледнат изборот од најдобрите производи на европската кинематографија.
 
АКТИВНОСТИ
Програма за Филм
- Арт Кино
- циклуси филмови
- портрет на автори
- претставување на национална кинематографија
- жанровен циклус
- редовна филмска програма
- филмови на европската и светската кинематографија
- детско матине (сабота и недела)
- Фестивал на Европски Филм
Cinedays
- главна програма
- најнови остварувања од Европската кинематографија
- пропратна програма
- филмови од македонската кинематографија
- филмови (ретроспектива) на европската кинематографија
- филмови од европските студентски академии за филм
Изработени Проекти
- недела на африканската кинематографија
- новиот израелски филм
- новиот турски филм
|