27.09.2008

IV Бела Ноќ

 

 

 


 





ЛИТЕРАТУРНА ДЕЈНОСТ

 

Од самиот почеток т.е. од основањето на Домот на Младите “25 Мај“ сегашен Младински Културен Центар, во него постои редакција за литература. Во нејзиниот делокруг на работа спаѓаат промоциите на нови автори и книги низ кои ќе дојдат до израз современите тенденции во развојот на литературата.

Оваа редакција има организирано многубројни средби и разговори со автори на прва книга, нова книга, автори на препеви и преводи, претставување на наградени книги, следење на домашната издавачка продукција и нејзината навремена презентација пред културната јавност која инклинира кон МКЦ. Слична е и функцијата на литературните трибини на кои гостувале истакнати писатели, критичари, уметници, новинари.

Други форми на работа биле Детското катче со изразита воспитно-образовна цел и функција, Сатиричното катче, Театар на поезијата, литературниот клуб “Ацо Караманов“, Новинарскиот клуб.

Со дел од активностите се остварува соработка со други сродни манифестации (Млада Струга, Месец на книгата...)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

aLogo na MOT a Logo na kino FrosinaaLogo na Ministerstvo za kultura aLogo na grad Skopje a Logo na On netaEVN logo

a

LogoKomercijalna

a

LogoParkovi

a

http://www.myspace.com/youthculturecentar