27.09.2008

IV Бела Ноќ

 

 

 


 





МУЗИЧКА ДЕЈНОСТ

 

Мандолински оркестар

Мандолинскиот Оркестар е формиран 1981 година во рамките на тогашниот Дом на Млади - "25-ти Мај" - Скопје. Иако членовите се главно музички аматери, неговиот репертоар е богат и разновиден вклучувајќи автори од различни епохи и стилови со акцент на сериозната музика и композициите пишувани во духот на македонскиот фолклор.

Оркестарот има освоено многу награди и признанија на фестивали и натпревари во Македонија и странство. Некои од најважните ги вклучуваат: републичките смотри на мандолински оркестри во Прилеп, "Интернационалниот фестивал на музика за млади" во Вила Нова де Гаја - Португалија, фестивалот "Музички Импресии" во Бидгошч - Полска Европскиот Музички Фестивал во Нерпелт - Белгија, Светскиот младински фестивал во Абердин - Шкотска и.т.н. Последен во низата успеси беше и учеството на еден од најстарите фестивали за ансамбли составени од жичани инструменти кои се свират со плектрум во Логроњо - Шпанија.
Повеќе истакнати музичари го раководеле Мандолинскиот Оркестар при МКЦ межу кои Рамадан Шукри и диригентите Вања Николовски -Ѓумар и Сашо Татарчевски.

Женски Младински Хор

Од 1972 па до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен репертоар кој вклучува автори од сите музички стилови и периоди, со посебно внимание кон македонското хорско творештво, овој ансамбл покажа дека и пеачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

За периодот од повеќе од 3 децении, хорот освоил многу награди на домашни и странски натпревари и фестивали што го промовираше во вистински културен амбасадор на нашата земја.
Како раководители на Женскиот младински хор се јавуваат неколку истакнати диригентски имиња како Драган Шуплевски, Запро Запров, Емилија Лале и Сашо Татарчевски.

Сашо Татарчевски

Сашо Татарчевски дипломирал на катедрите за хорско и оркестарско диригирање на факултетот за музичка уметност во Скопје во класите на проф. Драган Шуплевски и Фимчо Муратовски. Работел со голем број на разновидни ансамбли вклучувајќи ги Битолскиот камерен оркестар, ансамблот за современа музика Алеа, оркестарот Сашо ТатарчевскиСолисти на ФМУ, Фестивалскиот симфониски оркестар на Битолско културно лето, Хоровите на ФМУ и Стив Наумов и.т.н. Во моментов е диригент на Женскиот младински хор и Мандолинскиот оркестар при МКЦ - Скопје.

Освен во Македонија, има настапено и освоено интернационални награди на голем број концерти во Португалија, Словенија, Шкотска, Грција, Швајцарија, Белгија, Турција и Шпанија.

aLogo na MOT a Logo na kino FrosinaaLogo na Ministerstvo za kultura aLogo na grad Skopje a Logo na On netaEVN logo

a

LogoKomercijalna

a

LogoParkovi

a

http://www.myspace.com/youthculturecentar