|
По успешното прво издание, и оваа година МКЦ во соработка со Агенцијата за млади и спорт Ве поканува да земете учество на овогодинешното издание на ММС. Ако сте талентиран спортист или музичар Млади, Музика, Спорт е местото на кое најдобро би нашлe можност за вашата прва јавна изјава. Единствениот критериум е да сте на возраст меѓу 14 и 26 години, и да го најдете вашето место во следните четири дициплини:
Турнир во „маалски баскет 3 на 3“
Турнирот во популарниот „маалски баскет 3 на 3“ е замислен како дводневна шоу програма. Екипите на турнирот ќе бидат составени од 5 играчи (3 во игра + 2 резерви).
Конкурсот за пријавување трае до 15-ти мај 2008 година.
Пријавувањето ке се врши во просториите на Младинскиот Културен Центар или по e-mail mkc.info@gmail.com и со пополнување на Пријавен_лист_за_баскет
Критериуми за настап :
- екипите да бидат составени од натпреварувачи на возраст од 14 до 26 год.
На овој турнир може да пријават екипа со свои претставници и сите средни училишта на територија на Град Скопје.
Покрај турнирот во „баскет“ ќе бидат организирани и ревијални турнири во „забивање“ и во „шутирање три поени“.
Турнир во мал фудбал
Турнирот во мал фудбал е организиран на сличен начин како и турнирот во баскет.
Критериумите за натпреварувачите се возраста од 14 - 26 год., кои треба да се пријават во Младинскиот културен центар или на меил адресата: mkc.info@gmail.com и со пополнување на Пријавен_ лист_за_МАЛ_ФУДБАЛ
Конкурсот за пријавување на турнирот ќе трае до 15-ти мај 2008 година.
Поради ограниченоста на просторните и временските капацитети, од сите пријавени екипи, за настап на квалификациските турнири максимумот на пријавени екипи може да биде 16.
Поради задржување на квалитетот на турнирот, МКЦ го задржува правото на слободна селекција на пријавените екипи. Екипите на турнирот ќе бидат составени од 10 играчи (1 голман и 5 играчи во игра + 4 резерви).
Соло – Интерпретатори
Критериум за пријавување:
- изведувачите да бидат на возраст од 14 до 24 години.
Во овој натпревар може да се пријават сите средни училишта на територијана Град Скопје со претходно по полнета апликација која може да се најде на официјалната веб страница на Младинскиот Културен Центар www.mkc.com.mk
Конкурсот за пријавување ќе трае до 15-ти мај 2008 година
Критериумите за натпреварувачите се возраста од 14 - 26 год., кои треба да се пријават во Младинскиот културен центар или на меил адресата: mkc.info@gmail.com и со пополнување на Пријавен_лист_за_интерпретатори
Предвидено е на главниот настан да настапат 10 изведувачи. Со селекција на пријавените кандидати ќе се започне во просториите на МКЦ (аудицијата ќе биде пропратена со клавир), 3 недели пред одржувањето на главниот настан. Одбраните учесници кои ќе настапуваат на 6 јуни ќе бидат пропратени со бенд и ќе пеат во живо без матрица, а ќе имаат можност десет дена да доаѓаат на проби во малата сала во МКЦ, да работат заедно со бендот.
Алтернативни- бендови
Бендовите на јавно објавениот конкурс ќе можат да се пријават со демо снимка (на CD) и 3 недели пред одржувањето на главниот настан 07.06.2008 год. ќе им биде овозможен термин во МКЦ за преслушување во живо.
Селекцијата на бендовите ќе ја изврши стручно жири составено од еминентни музички работници и претставници на Младинскиот културен центар, а на главната вечер (7 јуни) е предвидено, , да настапат од 7-10 бенда.
Конкурсот за пријавувње на аудицијата ќе трае до 15-ти мај 2008 година.
Критериумите за натпреварувачите се возраста од 14 - 26 год., кои треба да се пријават во Младинскиот културен центар или на меил адресата: mkc.info@gmail.com и со пополнување на Пријавен лист за бендовите
* Напомена во однос на музичкиот дел на програмата
На Финалната вечер која што ке се одржи на 8-ми јуни ќе присуствува почесен гостин од музичката естрада од Република Македонија.
МКЦ го задржува авторското право врз композициите кои ќе бидат изведени и снимени и го задржува правото истите да ги објави на албум, кој би бил издаден во оваа пригода.
НАПОМЕНА: Апликациите за учество,треба да се достават лично во просториите на Младинскиот Културен Центар.
|